ДВЕ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ ЗА КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Во Спорт
октомври 31, 2022
1 минути

Со две победи и еден пораз го завршија викендот кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“. Победи извојуваа во М-14 лигата и Трета Кошаркарска Лига – група 1, додека поразени се во Скопје од „МЗТ“.

М-14 КОШАРКАРСКА ЛИГА

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“ – „ПРО  БАСКЕТ“ (КАВАДАРЦИ)  100: 17 ( 20:02; 26:04; 30:04; 24:07)

Нерамноправен натпревар. Кочанчани супериорни во сите четвртини а симпатичните гости од Кавадарци во последната четвртина постигнаа повеќе кошеви отколку во цело прво полувреме.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ ги постигнаа: Јангелов 32, Ристов 19, Гошев 16, Димитров 12, Оклох 8, Анастасов 4, Тодоров 3, Димитров 2, Ангелов 2, Крстев 2.

М-18  КОШАРКАРСКА  ЛИГА

„МЗТ“  –  „БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  93:80  (18:21; 29:19; 23:19; 23:21)

Интересен и неизвесен натпревар во кој заслужено победија домаќините кои освен во првата во сите останати четвртини играа посмирено и посигурно и дојдоа до бодовите. Кочанчани по добриот старт во втората четвртина почнаа да грешат, го искористија тоа младите „металци“ и дојдоа до победата.

Кошевите за „Баскет Дино деликатес“ ги постигнаа: Лазарев 21, Богданов 14, Манев 12, Коцев 12, Ѕ’мбов 7, Христов 6, Ефремов 4 и Василов 4.

ТРЕТА  КОШАРКАРСКА  ЛИГА  –  ГРУПА  1

„БАСКЕТ  ДИНО  ДЕЛИКАТЕС“  –  „ФЕНИКС“  (СКОПЈЕ)  90:80  (22:25; 26:27; 14:11; 28:17)

Интересен и неизвесен натпревар во кој домаќините дојдоа до победа во последната четвртина. Гостите се покажаа како мошне добар тим кој игра добро и одбрана и смирен и прецизен напад. Дека Кочанчани ќе имаат тешка задача да ги освојат бодовите покажаа првите две четвртини кога гостите заминаа на одмор со четири кошеви позитива. Диновци се тргнаа во третата четвртина која тепко ја добија со три кошеви разлика и во последната одлучувачка влегоа само со -1 негатива. Сепак во последниот квартал Кочанските кошаркари носени од публиката успеаја да дојдат до мошне значајна победа.

Кошевите за „Баскет Дино Деликатес“ ги постигнаа: Филипов 26, Петров 19, Илијев 15, Лазарев 15, Коцев 11, Ѕ’мбов 3, Ефремов 1.

С.  Ивановски