„ЖЕТВАРИТЕ“ СЕ ЗАГУБИЈА ВО НЕГОТИНСКИТЕ ЛОЗЈА

Во Спорт
април 30, 2024
1 минути

Уште едно гостување, уште еден висок пораз без постигнат погодок е епилогот по денешното издание на кочанчани во Неготино. „Винарите“ си поигруваа со„жетварите“ и вистинска среќа е што само со 0:3 се враќаат од ова гостување. Ако играчите на „Вардар“ беа посмирени во некои акции, ако голманот Јованоски не одбранеше 2-3 зицери, тогаш кочанската казнета експедиција ќе се вратеше дома уште со некој погодок во мрежата. Но што е тука е, тоа е реалноста кој некои ја режираа уште за време на летните подготовки, поточно пред да започне првенството. Така ни било судено.

Од „Осогово“ најавуваат дека до крајот на првенството има уште три кола и дека девет бодови се во оптел, по што клубот може да го сочива второлигашкиот статус.

Погодоците за  „Вардар“ (Н) ги постигнаа: Сунај Хасан 20’, кирил Неделков 57’ и Аделин Ќазимов 74’.

Резултати од 27.  коло:

„Вардар“ (Н) – „Осогово“  3:0

„Беса“ – „Охрид“  4:0

„Пелистер“ – „Тетекс“  3:0

„Аресими“ – „Башкими“  2:0

„Скопје“ – „Победа“  1:1

„Караорман“ – „Беласица“  0:4

„Кожуф“ – „Новаци“  2:1

„Детонит Плачковица“ – „Каменица Саса“  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ