ИЗМАМЕН КОЧАНЧАНЕЦ ЗА 18.000 ДЕНАРИ

април 11, 2025
0 минути

На 10.04.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Кочани, 30 – годишен жител на Кочани пријавил дека била измамен од И.М. од Кочани за сума од 18.000 денари. Според пријавеното, во ноември 2022 со усмен договор му ги дал парите за да купи материјал за да му изработи настрешница во дворот, а откако ги земал парите заминал и до пријавувањето не се вратил, не ја завршил договорената работа и не му ги вратил парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ