СЕ ЗАПАЛИ ПАРКИРАНО ВОЗИЛО ПРЕД „УНИ БАНКА“ ВО КОЧАНИ

јануари 17, 2022
0 минути

Денес околу 11:30 часот на паркинг просторот пред „Уни Банка“ во Кочани избувна пожар.

Опожарено е патничко моторно возило „Паежо 307“ со кочански регистарски таблички.

Територијалната противпожарна единица од Кочани интервенирала со едно возило и тројца пожарникари, пожарот е изгаснат.

Засега нема подетални информации колкава е штетата и која е причината за пожарот.

С. Ивановски