ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО: ЧЕСТИТКИ ДО ВД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ЌЕ ГИ ЧЕКАМЕ НЕГОВИТЕ ВЕТУВАЊА

април 18, 2025
0 минути

Од наш читател добивме текст кој е посветен на изборот на в.д. Градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски. Текстот го објавуваме онака како што ни е испратен,

„Чекав да помине некој ден од денот на назначувањето на вд градоначалникот Венко Крстевски па да се јавам со мое писание за она како јас ги гледам работите. Најпрвин му го честитам именувањето и му посакувам успех преди се ради храброста која ја имаше да истакне кандидатура а и на она што го вети пред граѓаните за време на обраќањето пред советниците а потоа и на прес конференцијата што ја одржа пред зградата на локалната самоуправа. Сакам јавно да го прашам дали е сериозен во намерата да го среди комуналното претпријатие оти тоа со години е партиско легло. Јавно да каже дали и понатака ние граѓаните на Кочани ќе им ја плаќаме струјата на диво населените во касарната и тоа преку градското осветлување. Дали ќе си стои на зборот да ги исели тие жители од касарната и каде ќе ги смести кога никој во општината не сака да му бидат комшии. Последно што сакам да го кажам е неговата изјава во вид на предупредување до сите што градат незаконски и строго контролирање на бесправната градба, нешто што беше објавено на вашиот портал. И пред тоа тој најавуваше пресметка со дивоградбите но да го потсетам дека во трајаново трло и усова чешма стојат еден куп диво изградени куќи и истите си и понатака стојат, да го потсетам дека во старата зграда на трговскиот има дивоградби не само од истокот туку и на западниот дел, во новата зграда во трговскиот има дивоградби не само на западната страна туку и на северната. Е дали ќе се зафати за ова чисто се сомневам. Но тој тоа го вети и ние граѓаните ќе го следиме секој негов чекор за да видиме што ќе испорача од ветеното. Ако за краток период овие работи ги среди тогаш ќе ја оправда довербата што ја доби на советот во спротивно тешко дека народот некому ќе му верува во иднина. За крај му посакувам уште еднаш да успее во неговите замисли а ние сме тука да ги видеме резултатите“.

Ваш читател

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ