Деновиве ни се јави наш читател кој очигледно е дека загрижен за здравјето и безбедноста на дечињата кои ја посетуваат Детската градинка „Клон 3“.
„За жал но ЕВН со група изведувачи како и пред десет години така и сега поставуваат низок ормар за струја одма до оградата на градинката кај Панаирот во Кочани. Вработените во градинката не се известени за вакво нешто. Прашање е дали се има дозвола за поставување на ваква локација и дали ќе се запазат стандардите и обележјата. Зошто баш таму? Лично го известив раководителот на таа градинка со добра намера и за голема внимателност“, пишува во писмото.
Од напишаното јасно е дека нашиот читател е загрижен за безбедноста на децата во градинката и можеби е време доколку не е поставено како што пишува ормарот истиот да се премести на друга локација или ако веќе е зацртано овде да биде истиот да се постави на повисоко место за да не биде на дофат на минувачите и дечињата.