ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, КОЧАНЧАНИ НЕПРЕЦИЗНИ ОХРИЃАНИ КАЗНУВАА

Во Спорт
април 21, 2025
1 минути

Добар натпревар одиграа играчите на „Осогово“ во рамките на 25-тото коло на гостувањето во Охрид, добар во кој имаа шанси за победа но неефикасноста и овој пат се пшокажа како рак-рана за „жетварите“.

Шефот на Стручниот штаб на „Осогово“ одлично ги постави играчите, направи мошне добра стратегија да после секој прекинат напад на домаќините кочанчани од контра напади се обидуваа да дојдат во водство. Откако не искористија две мошне поволни шанси за гол казната ги стигна во 43’. Охриѓани од речиси првиот посериозен напад преку младиот Ангел Крстевски дојдоа во водство од 1:0, резултат со кој играчите заминаа во соблекувалните.

На почетокот на вториот дел, веќе во 49“ домачините со нов погодок зголемија на 2:0.

Вториот погодок во мрежата како да ги мотивираше гостите, момчињата во жолти маици се растрчаа по теренот, атакуваа кон голот на домаќините па најпрвин во 67’ а потоа од пенал и во 74’ со двата погодока на Владимир Жоглев го израмнија резултатот.

До крајот на натпреварот се играше отворен фудбал но резултатот остана непроменет.

Сенка на натпреварот фрли незгодната повреда на Михаил Николов кој според првите информации до кои дојдовме го повредил коленото на десната нога по што мораше со возилото на итната медицинска помош да заврши во болницата „Св. Еразмо“.

Резултати од 25-тото коло:

Охрид – Осогово  2-2

Новаци – Вардар   2-0

Победа – Каменица Саса  1-0

Башкими – Вардарски  2-0

Беласица – Скопје  1-0

Аресими – Кожуф  1-0

Македонија ГП – Детонит Плачквица  1-0

Борец – Брегалница  0-1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ