НАДЛЕЖНИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ ДА СИ ГИ ПОДОТВОРАТ ОЧИТЕ

април 22, 2025
1 минути

Со покачувањето на температурите се покачија и проблемите кои секојдневно се гледаат на улиците во градот.

Млади деца од кои повеќето на возраст од 12-15 години без кациги на главата (поголемиот број) без регистрирани скутери крстарат по улиците на градот без да внимаваат на себе и на другите учесници во сообраќајот.

Кочанчани уште се со мислите на она што се случи пред нешто повеќе од месец дена, па сега внимаваат на се што не опкружува, поточно на сите појави без разлика кој е учесник во нив.

Младите скутераши воопшто не се грижат дали е ден или е ноќ, возат по улиците без да ги почитуваат прописите.

Граѓани ни се пожалија дека навечер Се сведоци како се  организираат и трки по пошироките улици, а честопати со своите скутери го појачуваат звукот на моторот кој во доцните часови негативно делува на оние кои се одмараат.

Од името на сите граѓани кои во изминатата седмица ни се јавија апелираме до надлежните во сообраќајот да си ги ширум отворат очите,  почесто да се на улиците, и против сите возачи кои не внимаваат при возењето или немаат адекватна опрема да преземат мерки за да не се случи нешто што никој не го посакува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ