ВТОРА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ НА КОЧАНИ

август 17, 2023
0 минути

Во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани членовите на работната група за изработка на стратегија за безбедност во сообраќајот на Кочани ја одржаа втората средба.

Присутните најпрвин беа поздравени од Градоначалникот на Општина кочани Љупчо Папазов кој им посака плодна и успешна работа.

Дси. Жаклина Пауновска Анѓелковиќ имаше краток вовед анализа на состојбата на безбедноста во сообраќајот, идентификација на проблеми и анализа  на сообраќајни незгоди во Општина Кочани.

За глобалните трендови за безбедност на патиштата во светот и Европа, Глобален план за безбедност на патишта, трендови за безбедност на патишта во РСМ имаше во своето експозе дси. Филип Трајковиќ, меѓународен ревизор за безбедност на патиштата во државата, општините и органите за патишта на РСМ во проектот за поврзување на локални патишта на Министерството за транспорт и врски.

На средбата присуствуваа и голем број на граѓани кои зедоа активно учество во дебатата, при тоа давајќи свои предлози со цел да се решат проблемите на општинско ниво кои од ден на ден се сé поприсутни во сообраќајот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ