ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВРАЧЕН ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР НА „СЛОГА 1934“

Во Спорт
мај 5, 2025
1 минути

Пред почетокот на натпреварот „Слога 1934“ – „Карбинци“, одигран во рамките на Трета Фудбалска Лига – Исток, Претседателот на Трета Фудбалска Лига – Исток Александар Андов на капитенот на „Слога 1934“ му го врачи шампионскиот пехар.

Во честитките за освоената шампионска титула се вклучи и екипата на „карбинци“ чии играчи со шпалир направен на теренот ги поздравија играчите на „Слога 1934“.

Резултати од 17-тото коло:

Слога 1934 – Карбинци  7:1

Светлост – Дојранско Езеро  1:0

Ударник – Хоризонт Турново  1:4

Брегалница – Овче Поле  0:0

Тиверија – Малеш  4:4

На првото место е Слога 1934 со 48 бода пред Брегалница со 29, Овче Поле и Карбинци со по 25.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ