ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ

Во Спорт
март 29, 2022
1 минути

Убави вести пристигнаа од Будимпешта. Борачот на БК „Балканец“ од Штип Владимир Егоров е Европски Шампион во категоријата до 57 килограми.

Егоров пред малку во големото финале успеа да го совлада борачот од Азербејџан Алиабаз разаде со 8:6  и да го освои златниот медал.

Инаку Егоров во 1/4 финалето го совлада претставникот на Германија со 5:4, додека во 1/2 финалето беше многу поуспешен од претставникот од Ерменија совладувајќи со технички туш (10:0).

Европското Првенство се одржа во Будимпешта а репрезентацијата на Македонија последните пофготовки ги спроведе во Кочани каде Егоров за цело време делуваше доста оптимистички.

Честитки до сите од Федерацијата на Боречки Спортови на Северна Македонија.

С. Ивановски