ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА ПОДДРШКА НА КОЧАНИ МЕЃУ РОТАРИ КЛУБОВИТЕ „КОЧАНИ-ВИНИЦА“ И „ЦЕЉЕ“

мај 18, 2025
1 минути

Во текот на вчерашниот ден во Кочани се потпиша меморандум за повеќегодишна соработка за поддршка на Кочани се со цел санирање на настанатата состојба по трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“.

Меморандумот е потпишан од страна на Ротари клуб “Кочани-Виница“ и Ротари клуб „Цеље“ од Република Словенија и истиот е со времетраење од пет години.

Со потпишувањето на овој меморандум се планира да се реализираат различни проекти од повеќе сфери како за населението, ѕака и за институциите во Кочани.

Како што истакна Зоран Тодоров од Ротари клуб „Кочани-Виница“ целта на оваа соработка е повеќекратна, од санирање на штетите од пожарот до едукација на стручни кадри како и материјална поддршка во областите каде што е потребно. Планирано е и обука на противпожарните служби од Кочани како и обезбедување на материјални средства за нивните потреби.

Претставникот на Ротари клуб „Цеље„ (Република Словенија) Фрањо Розман во своето обраќање потенцираше дека тие се подготвени да дадат долгорочна поддршка на Кочани се со цел да се подобрат условите за зајакнување на постоечките капацитети во самиот град. Зоран Тодоров ќе биде спрегата помеѓу двата ротари клуба со тоа што тој ќе им ги дава насоките за тоа каква поддршка му е потребна на Кочани.

Поддршка за ваквата иницијатива што се роди помеѓу двата ротари клуба од двете земји дадоа и мултинационални компании.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ