Во Среда (04 Јуни) во НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложба со Македонски и Германски уметници насловена како „East meets West 2“.
Ма изложбата ќе бидат поставени дела од Ирена Паскали (Келн/Скопје), Марија Мицова Гацова (Кочани), Александра Димитровска (Кочани), Кристине Хах (Гомбсхајм), Росвита Рибе-Бајк (Штраубинг) и Асуман Хасирџиоглу (Келн).
Изложбата како проект е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани и истата е финансирана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.
Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат во периодот од 04-18 Јуни, од Понеделник до Петок во временскиот рок од 07:00 – 16:00 часот
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ