ПОЛИЦИСКИ КОНТРОЛИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СКУТЕРИ И МОТОЦИКЛИ

јуни 12, 2025
0 минути

Вработени од Полициска станица во Кочани во текот на денешниот ден спроведоа контроли на лица кои управуваа скутери и мотоцикли.

Оние што ги контролираа а ние ги затековме на самото местпо  не само што не носеа кацига, туку и јасно се гледаше дека се работи за доста малолетни лица.

Според она што го слушнавме на самото место ќе бидат изречени казни а дали од скутерите и мотоциклите кои не се регистрирани е изречена мерка привремено одземање немаме информации.

Добро е што се започна со ваквите контроли, добро е и ако истите продолжат во вечерните часови кога има трки по градот и не само од скутери и мотоцикли туку и од автомобили.

Инаку деновиве се поголем број на наши сограѓани се жалат на големата бучава што ја првата скутерите, возилата и автомобилите.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ