СВР ШТИП СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ !!!

јуни 19, 2025
0 минути

Известување

Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните дека во последниот период зачестена е појавата на измами преку СМС пораки. Имено, пораките изгледаат како наводно да ги праќа „Пошта на Северна Македонија“ во форма на линк, кој води до лажна интернет страница, а жртвите се наведуваат да внесат свои лични и податоци за платежни картички. Во СМС пораките, преку понудениот линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како вистинската веб страна на поштата, како и на други државни институции и правни субјекти, преку форма за внес на податоци, граѓаните ги внесуваат податоците од своите платежни картички. При внесот на податоците, на граѓаните им се наплаќа незначителна сума, за да после некое време бидат извршени трансакции со поголеми суми.

СВР Штип ги известува граѓани дека овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел на прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ