Годинава на програмата е 53-тото издание на „Илинденските Спортски Игри – Чешиново 2025“.
Според членот на Организациониот одбор на турнирот Митко Бојаџиев досега своето учество го имаат пријавено 8 екипи.
Рокот за пријавување е поместен, наместо пријавувањето да трае до 01 Јули екипите можат да се пријавуваат до 05 Јули по што ден подоцна е жребувањето.
Годинава наградниот фонд за првопласираната екипа изнесува 140.000 денари, додека второпласираната екипа ќе добие 70.000 денари.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ