ВТОР НАТПРЕВАР, ВТОРА ПОБЕДА ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА НА „КОЧАНИ“

Во Спорт
септември 24, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига за жени.  Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Валандово ја забележаа и втората победа во годинешното првенство. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски со головите на Андреа Донева во 3’36’, Глорија Стојмилова во 13’15’16’58’60’ и Викторија Горгиева во 50’  високо ја поразија домашната екипа „Победа Валандово 16“ со 8:0 (5:0).

Екипата на „Атлетико“ без проблеми високо славеше како гостин против „Порече“ како и „Вардар“ против „Плачковица“. Најинтересниот и неизвесен натпревар се одигра во Охрид каде на крајот славеше некогашниот второлигаш „Борец“.

Резултати од 2-то коло:

„Победа Валандово 16“ – „Кочани“  0:8

„Вардар“ – „Плачковица“  4:0

„Порече“ – „Атлетико“  0:14

„Билјанини извори“ – „Борец“  3:4

Во следното коло „Кочани“ ќе и биде домаќин на екипата на „Билјанини извори“.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ