ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПРЕКУ КОЈ КОЧАНЧАНИ ЌЕ ДОБИВААТ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНИ ФАСАДИ

јуни 27, 2025
1 минути

В.д градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски и Здружението за хумано домување Хабитат Македонија потпишаа меморандум за соработка во рамки на проектот OSS HABITAT, којшто е насочен кон придобивки на граѓаните преку интегриран систем од услуги кои ќе придонесат кон заштедување средства и подобрување на енергетската ефикасност во домовите на граѓаните кои живеат во станбени единици и објекти за индивидуално домување.

Услугите преку проектот се во интерес на домаќинствата кои живеат во индивидуални куќи и станбени згради, со цел истите да ги подобрат условите на домот, да ја зголемат енергетската ефиканост и да имаат целосен пристап до сите информации за едноставно енергетско ефикасно реновирање на домот.

Проектот со времетраење од 36 месеци е поддржан од Европската Унија, а учество со финансирање ќе зеде и Општина Кочани.

Очекувани резултати од проектот во период од три години се реновирани 200 станбени единици и објекти за индивидуално домување и генерирани инвестиции во вредност од 3 милиони евра.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ