ЕП ВО БОРЕЊЕ У- 15, МЕДАЛОТ БЛИСКУ, НО СЕПАК ДАЛЕКУ

Во Спорт
јуни 27, 2025
1 минути

Градот Каорле (Италија) од 25-28.06.2025 година беше домаќин на Европското првенство во борење слободен стил у-15 ( за пионери).

Љубителите на борењето во Кочани со нетрпение ги очекуваа резултатите на нивниот миленик, борачот на „Спартак“ Даријан Павлев чии настапи годинава импресионираа па и размислувањата за освојување на некој медал беа оправдани.

Но за жал и овој пат малку противникот, малку среќата допринесоа да медалот кој беше навистина близу, сепак да биде далечен.

Павлев одлично стартуваше на првенството, најпрвин во квалификациите извојува мошне значајна победа против борачот од Литванија Арнас Збормирскис кој го совлада со 8:6.

Во 1/8 финалето  Павлев за противник го имаше борачот од Азербејџан Махамад Хасанили  кој беше подобар и сосема заслужено го победи нашиот претставник со 7:2.

Во репасажо следуваше борба на Даријан Павлев против Естонецот  Раин Тигас. Во изедначена борба и полна со преврти за жал Павлев на крајот загуби со 6:8 и пропадна сонот за медал, кој доколку нашиот борач го поминеше рапасажот за медал ќе се бореше против не баш квалитетниот претставник од Украина кој загуби од Естонецот па и тој остана без медал.

Како и да е, Павлев ме разочара со својот настап, напротив, имаше три одлични борби во кои покажа квалитет но и не баш голема концентрација во одлучувачките моменти што ќе му биде една убава лекција за идните натпревари.

Главата горе Даријан Павлев, одиме понатака.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ