ВО САБОТА МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ЗА ЖФК „КОЧАНИ“

Во Спорт
мај 9, 2024
0 минути

Во Сабота на „Градскиот стадион“ во Валандово со почеток во 11:00 часот ЖФК „Кочани“ ќе одигра меѓународен фудбалски натпревар со екипата на „Каракач Арда Спор“  од Едрене (Република Турција).
Гостите од пријателска Турција во Валандово ќе гостуваат со што ќе им возвраќаат на Валандовчанки за нивната посета во месец Март о.г. во Едрене.

Екипата на Валандово и „Каракач Арда Спор“ натпреварот ќе го одиграат во Петок, додека ден подоцна екипата од Турција ќе ги одмере силите и со ЖФК „Кочани“.

Добар момент за воспоставување на нови пријателства поврзани со спортот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ