КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

јули 12, 2025
1 минути

В сабота, 12 јули, со почеток во 16:30 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи комеморација за загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани.

На настанот што го организира Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, ќе им биде оддадена почит на загинатите млади родум од Кочани, Оризари и Чешиново-Облешево, како и на возачот на Итната медицинска помош во Кочани, кој почина непосредно по извршувањето на работните обврски поврзани со трагедијата од 16 март 2025 г.

Одбележувањето на Петровден како празник на Кочани годинава го носи незаборавот за прекинатата младост во трагедијата во „Пулс“, каде што животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Настанот, на кој се поканети родители, роднини, пријатели и другари на починатите младинци, е отворен за сите што сакаат да изразат почит кон загинатите во „Пулс“.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ