ВО ЕТНОКУЌАТА ВО КОЧАНИ ИЗЛОЖЕНИ ИЗРАБОТКИТЕ СО ТКАЕЊЕ ОД „РАКОТВОРНИЦА“

јуни 6, 2026
1 минути

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложбата на изработките од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ и Општина Кочани.

Во витрините на Етнокуќата беа изложени и ткаени, платени, везени и шиени предмети позајмени од кочанци, сведоштво на богатата локална етнолошка ризница, но и нови изработки со современ уметнички израз.

Пред многубројната публика, учесничките во обуката и креаторките на изложбата ги истакнаа придобивките од ткаењето на вертикален разбој како арт-терапија, можностите за жените да ја јакнат економската моќ со нови вештини, како и спојот на традиционалните елементи во актуелното живеење. Исто така беше потенцирано значењето на циркуларната економија и заштитата на животната средина, со што на неупотребливите текстилни производи им се дава нов живот.

Во обуката за ткаење на вертикален развој, што се реализираше под менторство на Лилјана Гоцевска,  беа вклучени десетина жени и девојки од Кочани на различна возраст.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ