Во Градскиот парк во Кочани се одржа Регионален саем на музички вљубеници во винилот.
На саемот беа присутни десетина излагачи од Македонија, Црна Гора, Србија, и Бугарија, кои понудија музика на сите класични носачи на звук – грамофонски плочи, компакт-дискови и аудиокасети. Вљубениците во музиката на винили имаа можност да ги дополнат своите колекции со омилените изданија што беа понудени од излагачите.
– Грамофонските плочи се еден од носачите на звук со којшто ја започнавме приказнава, оваа година ја проширивме и со останати носачи, значи можат да се најдат и цедеа и касети, некои музички книги, а здравје за догодина се договараме да ја прошириме приказната со стрипови и со книги, воопшто со белетристика – истакна Тошо Филиповски, организатор на саемот.
Настанот е дел од општинската програма за одбележување на Празникот на градот, Петровден.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ