Вчера (Вторник) Советот на Општина Кочани во полн состав ја одржа својата 66-та редовна седница на кои советниците дебатираа по дваесетте точки од дневниот ред. Со одржувањето на седницата и дебатирање по дваесетте точки советниците уште еднаш ја убедија јавноста дека ним им се поважни паушалите отколку претходните „цврсти“ ветувања преку соопштенијата испратени до медиумите. Излегува дека се тогаш што ветија, вчера со присуството на седницата, погазија.
Имено во Соопштението лиферувано до медиумите на 09. Јули 2025 година се вели: По немилиот настан и физичкиот напад во Советот на Општина Кочани од страна на советникот Аки Акиов“ на 09 Јули Претседателот на Советот на Општина Кочани свика и одржа итна координација со советничките групи за надминување на настанатата состојба и продолжување со работа на институцијата.
Во понатамошниот текст на Соопштението се вели: „ На координацијата се идентификувани неколку итни и значајни точки кои се од суштинско значење за функционирањето на општината и за животот на граѓаните:
- Усвојување на одлука за донацијата од компанијата Амфенол за реконструкција на улица во село Тркање;
- Ребаланс на Буџетот на Општина Кочани;(Ребаланс во кој ќе бидат отстранети сите ставки за привремени вработувања)
- Одлука за организиран линиски превоз за учениците во општинските училишта.
4.Именување на училишната спортска сала во ООУ,,Никола Карев” – Кочани во ,,Кочанските Ангели” во чест на трагично загинатите деца во нереќата во дискотеката ,,Пулс”
По состанокот Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (чиј член е и Претседателот на Советот на Општина Кочани) и Коалицијата во соопштението како што најавија смета дека овие точки не смеат да бидат заложници на насилството и деструктивното однесување на поединец. Советникот Аки Акиов со своето однесување го наруши достоинството на Советот и институцијата Општина. Тој го изгуби секое морално право да учествува во понатамошната работа, а неговото присуство е неприфатливо додека не сноси соодветна одговорност.
И од сето кажано само ветер и магла. Една седмица по свиканиот состанок на Претседателот на Советот на Општина Кочани и одржаната координација со советничките рупи си се одржа 66-тата седница на Советот на Општина Кочани како ништо претходно да не било договорено.
Советниците одиграа мудро, никој не сака за време на летните одмори да се откаже од паушалот кој изнесува околу 400 евра на месечно ниво.
Но и ним не траба да им се замерува бидејќи така работат веќе скоро четири години и покажаа дека се убедливо најслабиот Совет што некогаш бил изгласан, почнувајќи од 1996 година
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ