ДЕЈАН БОГДАНОВ И СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА БОРЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Во Спорт
јули 23, 2025
1 минути

На редовното Изборно Собрание на Боречката Федерација на Македонија кое синоќа се одржа во Штип Дејан Богданов ја доби довербата на делегатите така да и следните четири години ќе биде на чело на оваа федерација.

На Собранието од вкупно 19 делегати од Боречките клубови во Македонија присуствуваа 18, а Дејан Богданов да остане на чело на федерацијата и следните четири години гласаа сите.

На присутните најпрвин им се обрати Претседателот Дејан Богданов кој поднесе извештај за сработеното во изминатите четири години, за да потоа  го изнесе и планот за работа во следните четири години кој се надева дека ќе го спроведе во целост,  што беше доволно за делегатите да му ја доверат функцијата за уште еден мандат.

Во изминатите четири години како Претседател Дејан Богданов направи многу за најтрофејниот спорт во Македонија. Најпрвин ја среди состојбата во федерацијата, презеде неколку важни чекори борењето да почне да се враќа на старите патеки што придонесе учество на нашите репрезентации на неколку важни светски и европски натпреварувања.

Работата и ангажманот на Богданов беше препознаена и од страна на челните луѓе на  UWW (Unitet World Wrestling) кои на Македонија и доделија и организација на неколку големи натпреварувања.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ