СЕМИНАР И ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ВО АИКИ ДЕМО, 20 МЕДАЛИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА КРА „НИКО“ ОД КОЧАНИ

Во Спорт
декември 16, 2023
0 минути

По повод 10 години од постоењето  КРА  „Нико“ од Кочани денес во спортската сала при ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше семинар во реално аикодо и Државен натпревар во аики демо.

Најпрвин на програмата беше семинарот по кој што следуваше полагање за појаси за да на крајот се одржи и најавениот Државен натпревар.

Гледачите кои во голем број се најдоа на трибините уживаа во сето она што денес им беше презентирано од организаторот и од натпреварувачите.

Членовите на КРА „Нико“во конкуренција на стотина натпреварувачи од клубовите во Македонија  освоија вкупно 20 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 8 бронзени.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ