НА КОНТРОЛНИОТ НАТПРВАР „ОСОГОВО“ – „БРЕРА“ НЕМАШЕ ПОБЕДНИК

Во Спорт
јули 23, 2025
0 минути

По десетдневни подготовки екипата на „Осогово“ денес го одигра првиот контролен натпревар. На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по спарно време и тешко за игра „Осогово“ и „Брера“ одиграа натпревар без победник 1:1 (1:0)

Во првото полувреме домаќините на задоволство на публиката одиграа еден цврст натпревар во кој ја имаа иницијативата а и создадоа неколку шанси за гол од кои една по невнимание на гостинскиот голман ја претворија во водство.

Во второто полувреме гостите кои имаат повеќе одработени тренинзи ја презедоа играта во свои  раце, играа подобро, почесто напаѓаа и како круна на таквата игра го израмнија резултатниот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ