Во рамките на подготовките за претстојното првенство во Втора Фудбалска Лига, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани контролен натпревар одиграа „Осогово“ и „Тетекс“ (Тетово).
Како и минатиот пат домаќините добро го започнаа натпреварот и со голот на Паунов во 27’ дојдоа во водство од 1:0. Но како минутите минуваа гостите се почесто беа на половината на домаќините и во 45’ го израмнија резултатот на 1:1, а стрелец на погодокот беше Даут Даути.
Веќе во третата минута од второто полувреме тетовчани направија вистински пресврт и со голот на Азис Јамај стигнаа до водство од 2:1.
Во 61“ „Тетекс“ можеше да го зголеми резултатот но пеналот што го изведе Агон Елмази“ домашниот голман Филип Лазаревски одлично го одбрани.
И двајцата тренери во игра ги внесоа сите играчи што ги имаа на располагање со цел да добијат појасна слика за првенствените натпревари во второлигашката конкуренција.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ