ЕДНО ПРВО, ЕДНО ВТОРО И ДВЕ ТРЕТИ МЕСТА ЗА БОРАЌИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ИЗБОРНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ У-15,

Во Спорт
февруари 18, 2023
1 минути

Кочани беше домаќин на „Изборното првенство во борење слободен стил и борење за жени за пионери и пионерки У-15“ чиј организатор беше Боречката Федерација на Северна Македонија си техничка организација на БК „Спартак“ – Кочани.

На првенството учествуваа 141 натпреварувач од 15 клубови во државата: Спартак, Балканец, Бучим, Бучим шампиони, Киро Ристов, 7-ми Мај, Шкупи, Студеничани, Лирија, Вардар 1961, Тефејуз, Неготино, Борец, Чаир и Пума.

Екипата на „Спартак“ на првенството учествуваше со 13 борачи кои освоија 1 прво, 1 второ, 2 трети и 1 петто место, додека останатите 8 борачи останаа без пласман.

Дарјан Павлев во категоријата до 57 килограми го освои првото место со што избори место во Репрезентацијата на Македонија во У-15.

Славица Митева во категоријата до 42 килограми беше втора, додека Андреј Соколов во категоријата 48 килограми и Филип Ангелов во категоријата до 75 килограми беа трети. Илија Иванов го освои петтото место во категоријата до 44 килограми а без пласман останаа: Јован Илиев, Стојанче Андонов, Кирил Хазуров, Павел Темелков, Џанер Абдулов, Христијан Илиев, Христијан Постолов и Едис Билалов.

По долго време и трибините во Спортската сала „Сашо Лазарев Чапо“ беа прописно исполнети што е знак дека најтрофејниот спорт во „градот на оризот“ борењето, полека но сигурно се враќа на старите патеки.

С.  Ивановски