До порталот komarec.com.mk стигна реакција од група граѓани која вознемирена по инцидентот што се случи во петокот и во саботата навечер со реакција.
„Уште болат случувањата од трагедијата што го задеси Кочани, уште пред очи ни излегуваат сликите од пиротехниката која го запали плафонот а потоа се случи она што не требаше да се случи. Како што ни е познато по тој немил настан донесена е одлука дека на територијата на цела Македонија се забранува були какви и од било кого огномети. За жал нашите „комшии“ чиј број рапидно се зголемува во градот не ги почитуваат ниту тие одлуки ниту законите туку како заштитени „миленичиња“ си дават право да бидат над законите. Така беше до се сега, така ќе биде и во иднина бидејќи партиите алчни за власт ги штитат нив за сметка на угнетувањето на останатото население. Во саботата и во неделата во „Доклевец“ имаше голем огномет од поединец, ниту реагираше полицијата ниту некоја политичка партија. Кога органите за ред и мир кои дебело ги плаќаме од нашите џепови не сакаат да интервенираат тогаш дали е потребно тоа да го направат граѓаните. Не, нема ние тоа да го направиме за да не избие конфликт а на органите за спроведување на редот и мирот нека им служи на чест. Се наближуваат избори, револтот кај населението од ден на ден е се поголем па ајде да видиме кој се ќе излезе да гласа, кој е за мирно Кочани а кој е за поделено Кочани.“ стои во реакцијата на граѓаните.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ