УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРАНО НА ПОНИКВА, НО НЕ И УЧЕНИЦИТЕ ОД КОЧАНИ

јануари 28, 2023
0 минути

Како што ни пишува наш читател денес голем број на ученици од основните одделенија од повеќе градови на Македонија ја посетиле Пониква  која е покриена со дебела снежна покривка и на која дишењето на чистиот воздух е здравје и вистинскиот лек  за дечињата.

„Денес е сабота а на Пониква има дебела снежна покривка но има и околу 500 дечиња од одделенска возраст од училишта од Струмица, Радовиш, Свети Николе, Скопје дојдени со автобуси со своите класни наставници и наставници по физичко воспитување. Тие овде како што спомнаа доваѓаат речиси секоја година додека има снег на Пониква. Како секоја година така и денес беа овде. Глетката беше навистина прекрасна бидејќи дечињата беа насмеани и радосни.  Се смееја, се радуваа и го дишеа чистиот воздух полн со кислород кој е најдобрата вакцина за  создавање имунитет на нивните кревки организми. Си поставувавме прашања со пријателите како е можно некој да доаѓа и по 300 километри во двата правца за да ја користи оваа убавина а нашите ученици кои се на само 20 километри оддалеченост никаде да ги нема. Дали на нашите наставници им е тешко да организираат вакви еднодневни екскурзии или тие си мислат дека работното време им е од понеделник до петок а за викендите нека размислуваат нивните родители. Од наставниците од другите градови слушнавме дека тие ќе се организираат и во другите денови додека има снег на Пониква, ќе прават еднодневни екскурзии бидејќи и наставата во природата е дел од образованието а и чистиот воздух е само здравје и ништо повеќе.  Бидејќи и ние имаме наши дечиња кои се на иста возраст еве јавно ги повикувам сите одговорни од образованието да се организираат, да ја посетат Пониква бидејќи дечињата уверен сум дека пријатно ќе се чувствуваат. Па Пониква ни е веднаш зад првиот рид“.

Ова е содржината на писмото кое го добивме со неколку фотографии.

С.  Ивановски