НА ЈАВНАТА ТРИБИНА ДАДЕНО ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА НОВАТА ЛОКАЦИЈА НА ДОМОТ НА НЕЗГРИЖЕНИ ЛИЦА

февруари 23, 2022
0 минути

Вчера, во Мултикултурниот центар на јавната трибина наменета за изградба на дом за престој на незгрижени лица, намена А3 – групно домување за Старата касарна или лица од социјален ризик од општината, жителите на урбанистичиот дел Градска четврт 5 во Кочани дадоа позитивно мислење во врска со предложената нова локација.

На јавната трибина присутни беа и претставници од невалидините организации, а од страна на стручните служби од Локалната самоуправа присутните беа запознаени со новата локација за изградба на објектите за домување и истите дадоа позитивно мислење.

Присутните беа во можност да поставуваат прашања до стручните служби, како и да даваат свои мислења и сугестии.

Општина  Кочани