Се одиграа натпреварите од 3-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. На петте натпревари постигнати се 26 погодоци или просек по 5,2 по натпревар.
Во Кочани истоимениот клуб дојде до првиот бод по враќањето од второлигашкото друштво. Кочанчанки на двапати водеа против изразитиот фаворит но девојчињата од „Ас Јунајтед“ на двапати го израмнија резултатот и дојдоа до бод.
Резултатот беше откриен во 14’ кога домашниот играч Стојановска ја погоди мрежата на стружанки, но по само десет минути девојчињата од „Ас Јунајтед“ го израмнија резултатот преку Цоклеска. Во 30’ „Кочани“ повторно поведе со голот ма Салихи и со водство од 2:1 се замина на одмор. Конечните 2:2 беа поставени во 57“ а стрелец на погодокот беше Тарантино.
Резултати од 3-тото коло:
Кочани – Ас Јунајтед 2:2
Брера Тиверија – Истатов 1:3
Каменица Саса – Вардар 8:0
Топ Гол – Љуботен 0:3
Скопје 2014 – речица 7:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ