ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ ФУТСАЛ КЛУБ, КМФ „ФУДБАЛ СТАРС – АУТО ВЕЛТ“

Во Спорт
септември 9, 2025
0 минути

Денес во присуство на Претседателот на ОФС – Кочани Александар Андов, Симеончо Митев и Иван Стојчев пред медиумите од Кочани беше претставен новиот Футсал клуб, КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“.

Клубот годинава, некаде кон крајот на месец Октомври ќе го започне натпреварувањето во Втора Футсал Лига. Моментно според тренерот Симеончо Митев клубот брои околу дваесет играчи, сите административни бариери се поминати па така натпреварувањето може слободно да започне.

Иван Стојчев еден од најискусните играчи упати голема благодарност до компанијата Ауто Велт како и до Директорот на ОУ „Никола Карев“ кој за тренинзи и натпревари им ја отстапи спортската сала „Кочанските Ангели“.

Претседателот на ОФС – Кочани Александар Андов изрази задоволство од формирањето клуб од ваков вид со што како што истакна ќе биде голема добивка  за љубителите на спортот во градот а посебно во зимскиот период кога големиот  фудбал мирува.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ