СТОЛЕ ЕФТИМОВ СО СЕНИОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО БОРЕЊЕ НА ПОДГОТОВКИ ВО ПАРИЗ

Во Спорт
мај 2, 2023
0 минути

Столе Ефтимов како член на сениорската Репрезентација на Македонија во борење замина на подготовки во Париз.

Подготовките ќе траат две седмици а истите ќе се реализираат во Олимпискиот тренинг центар во Париз.

Освен Репрезентацијата на Македонија во Олимпискиот тренинг центар во Париз на подготовки се повеќе репрезентации од Европа кои ќе се подготвуваат за претстојното Европско и Светско првенство.

„Веќе втор ден како ги реализираме подготовките за претстојното Европско и Светско првенство. Овде во Париз сме повеќе репрезентации од Европа а условите се солидни бидејќи го користиме Олимпискиот тренинг центар. Засега според програмата тренираме по двапати дневно. Мислам дека спремни ќе бидеме за претстојните поголеми настани во борење“ ни изјави во телефонскиот разговор Столе Ефтимов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ