ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – НОВ ПОРАЗ ЗА „КАМЕНИЦА САСА“, „СЛОГА 1934“ НЕПОРАЗЕНА ВО СКОПЈЕ

Во Спорт
септември 4, 2022
0 минути

Само една победа за домаќините во 3. коло во Втората Фудбалска Лига, на четири натпревари немаше победник додека на три натпревари гостите си заминаа со цел плен.

Екипата на „Каменица Саса“ го доживеа и третиот пораз и се закова на дното на табелата., додека „Слога 1934“ и по трет пат не дозволи противниците да се израдуваат на победата.

Дерби натпреварот се одигра во Радовиш каде домаќините и најтрофејниот клуб во Македонија „Вардар“ ги поделија бодовите што можеби е и најправедниот исход.

Екипата на „Кожуф“ стигна до првиот бод во првенството, додека гордоста на Струмица „Беласица“ повторно остана со празни раце на гостувањето.

Подмладениот „Борец“ и трет пат доживеа пораз во првенството, втор на домашен терен.

Резултати од 3. коло:

„Каменица Саса“ – „Воска спорт“  0:4

„Пехчево“ – „Слога 1934“  0:0

„Детонит Плачковица“ – „Вардар“  1:1

„Аресими“ – „Пелистер“  0:1

„Охрид“ – „Кожуф“  0:0

„Борец“ – „Тетекс“  2:4

„Караорман“ – „Беласица“  3:1

„Беса“ – „Гостивар“  1:1

Во следното 4. коло во Виница се игра комшиското дерби, „Слога 1934“ ја пречекува „каменица Саса“.

С. Ивановски