Денес во Кочани по кој знае кој пат во изминатите шест месеци гледачите беа сведоци на тенденциозно судење на судии кои едноставно залутале на фудбалскиот терен а згора на се, некој ги делегирал да отсудат второлигашки натпревар. Денес, по одиграните 90’ најчестиот збор од гледачите беше дека фудбалот колабираше.
Воопшто не е добро кога едно известување од фудбалски натпревар во второто по ранг натпреварување во Македонија наместо за фудбалското надигрување, за постигнатите погодоци, ќе се започне со делењето на фудбалската (не)правда од некој кој бил задолжен да дели правда, а не неправда. Е такво денес беше судењето од Главниот судија Пларент Салихи (Тетово) и неговите помошници Дарко Јовчевски (Тетово) и Александар Ѓорѓески (Тетово). Сега фудбалската јавност во Кочани е во очекување дали истите ќе добијат преодни оцени од Контролорот Сашо Иванов (Штип) или се ќе се стави „под тепих“.
Патем, додека траеше натпреварот гледачите на трибината беа згрозена од она што го видоа од Салихи на кого по се изгледа му беше важно да биде тој централна личност на натпреварот а не играчите и нивното фудбалско знаење бидејќи со отсуденото покажа дека не ги добро познава фудбалските правила.
Но малку и за фудбалот кој благодарение на судијата лесно можеше да се претвори во бојно поле на кое играчите наместо фудбал ќе сакаа меѓу себе тие да ја делат правдата иако за тоа друг е платен.
„Осогово“ загуби од „Скопје“ 2:3 (1:0) во натпревар од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
Домаќините први го отворија резултатот. Се играше 17’ кога Марко Ефтимов доби една топка од половината на домаќините, како брз9 воз помина покрај својот чувар и од петнаесетина метри биеше по земја во десниот долен агол на немоќниот Амин Суљовиќ.
Во 58’ несигурниот судија Салихи досуди удар од белата точка за гостите по „фаулот“ што само тој го виде. Сигурен реализатор на пеналот беше Виктор Ангелов.
Се играше 59’ кпога домаќините уште не можеа да се повратат од шок-пеналот кога гостите изведоа одлична екција по левата страна. На нафрлената топка натрча Јорго Папули го отвори стапалото и топката заврши под пречката од голот на домаќините.
Во 87’ гостите постигнаа уште еден погодок. По нафрлената топка од корнер таа дојде до Виктор Ангелов кој со глава од 5-6 метри биеше во небранетиот дел од мрежата на домашниот голман Ѓорѓи Јованоски.
Конечниот резултат беше поставен во 90’ кога нововлезениот играч кај домаќините Никола Стоиловски одлично се снајде во срцето на гостинскиот казнет простор и со убав удар го намали резултатот.
Салихи иако покажа продолжение од 3’ дозволи да се одигра одвај една минута и за своја сигурност отсвири крај на натпрееварот.
Резултати од 4-тото коло:
Осогово – Скопје 2:3
Тетекс – Слога 1934 (се игра во Недела)
Беласица – Детонит Плачковица (се игра во Недела)
Шкендија (А) – Големо Коњари 4:0
Победа – Охрид 2:3
Кожуф – Преспа 7:1
Вардар (Н) – Каменица Саса 1:8
Брегалница – Новаци 4:2
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ