Седум млади играчи од ГФК „Осогово“ на возраст од 16 – 18 години денес добија стипендии кои им ги обезбеди ЗГ „Никола Мантов“ од Кочани. Висината на стипендиите е 3.000 денари и ќе трае во периодот Март -Јуни 2023 година.
Стипендиите на младите играчи на ГФК „Осогово“: Давид Тренчев, Дејвид Иванов, Дарко Петров, Марко Ефтимов, Филип Анѓелов, Филип Андонов и Радослав Ефтимв им ги врачи Илија Стоилов, член на ЗГ „Никола Мантов“ од Кочани.
„Денес ги доделивме првите стипендии на млади фудбалери членови на ГФК Осогово. Изборот го направи стручниот штаб на младинските категории под водството на Тоде Митев. Стипендиите се со износ од три илјади денари месечно за периодот од март до јуни оваа година. Ќе продолжиме да стипендираме на принцип од полугодие што значи дека ќе имаме обезбедено стипендии за осум месеци во една календарска година“ потврдија од ЗГ „Никола Мантов“ по доделените стипендии на првата генерација стипендисти на ГФК „Осогово.
Потег за почитување.
С. Ивановски