Општина Кочани по единаесети пат се вклучува во обележување на ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност, со настани од 16-22 септември секоја година, а кулминира со популарниот Ден без автомобили.
Распоредот на активностите е во прилог.
Ви благодариме за соработката!
- Вторник 16.09.2025г.
ОУ„Крсте Петков Мисирков“ Оризари Кочани во 13ч.
Едукација од страна на учениците за мобилност со напишани пораки до возачите како учесници во сообраќајот
- Среда 17.09.2025г. во 13:30ч.
ОУ„Малина Попиванова“ Кочани
Едукација од учениците за мобилност со цртежи на возачите учесници во сообраќајот
- Четврток 18.09.2025г.
ОУ„Раде Кратовче“ Кочани во 13:30ч
ОУ„Никола Карев“ Кочани во 19:00ч
ОУ„Раде Кратовче“ Кочани- Едукација од страна на учениците за паркирање со напишани пораки до возачите околу градскиот пазар
ОУ„Никола Карев“ Кочани – Ноќно гледање едукативен филм за безбедноста во сообраќајот на отворено
- Петок 19.09.2025г.
ОУ„Кирил и Методиј“ Кочани во 10:00ч
Едукација од страна на учениците за децата во градинка Павлина Велјанова клон 1 за безбедност во сообраќајот
МУЛТИКУЛТУРЕН ЦЕНТАР Кочани во 12:00- 14:00ч
Презентација на Планот за одржлива урбана мобилност за Кочани(ПУМП) со гости од Министерство за транспорт на РСМ, TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант).
„Развивање на планови за одржлива урбана мобилност за општините Кочани, Кавадарци, Струга, Струмица и Прилеп“ е дел од Проектот за поврзување на локални патишта со поддршка на Меѓународна банка за обнова и развој- Светска банка, Договор на Министерство за
транспорт на РСМ со заеднички настап на TRT Transporti e Territorio Srl, Milano (Италија како водечки член) и Bogazici Proje Muhendislik A.S (Турција, како член, консултант). Иницијативата е насочена кон подобрување на пристапноста, промовирање на одржливи начини на транспорт со опфат на влијанието врз животната средина.
Вело Родео настан во Градски парк Кочани 18:00- 20:00ч.
Приказна на тркала во Кочани, во рамки на Европската недела на мобилност 2025!
- Вело полигон со предизвици
- Друштвени игри и вело меморија
- Поправка и проверка на велосипеди со практични совети
- LEGO игри
- Сабота 20.09.2025г.
СОУ„Љупчо Сантов“ Кочани
СОУ„Гошо Викентиев“Кочани
Средношколски музички хепениг за мобилност, предлог кој до среда 17.09.2025 година ќе се утврди од младинските организации на средните училишта.
- Недела 21.09.2025г.
НВО, спортски клубови, велосипедисти, планинарски друштва, групи и поединци ентузијасти, рекреативци, љубители на природата
Пешачење во природа со едукација за колективно споделување на просторот и грижа секој да може безбедно и удобно да се движи наоколу во пријатна средина, до среда 17.09.2025 година ќе се утврдат поединости.
- Понеделник 22.09.2025г.
ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ 16:00- 18:00ч
Вело тура по патеката на оризот, старт пред Општина Кочани, по ул.Кеј на Револуција, ул.Никола Карев, преку Грдовци до Мојанци, кратка пауза во кругот на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Мојанци. Од црквата „Св.Кирил и Методиј“ Мојанци, преку Подлог, девијацијата кај Антура, кружен тек „Кочанско поле“ Кочани, кружен тек „Национал“ Кочани. Пред дискотеката „Пулс“ со едноминутно молчење ќе се оддаде почит кон починатите. Кружен тек „Национал“,ул.„Димитар Влахов“, ул.„Глигор А. Гочо“, ул.„Маршал Тито“ до Градски парк на Револуција Кочани каде ќе заврши велосипедската тура.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ