Педесетина олд тајмери продефилираа низ кочанските улици по повод организираната изложбаа што се случи во неделата во Кочани.
Откако поминаа дел од кочанските улици возилата се паркираа на просторот кај трговскиот центар помеѓу улиците „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“.
Посетителите можеа да ги погледнат возилата од едно постаро време, време во кое не се развиваа големи брзини и имаше посигурност на патиштата.
Неизбежното „Фиќо“ (Застава 750), „Фиат 101“, „ПЗ“, „Фиат 1300“, „Дијана“, „Мерцедес“ и други видови ретро возила го привлекоа вниманието на минувачите.
Освен возило од повеќето општини од Македонија имаше изложено возила и од соседните држави како што се Република Србија и Република Хрватска.
Самата организација заслужува внимание за што сведочеат и позитивните изјави од оние кои ја посетија изложбата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ