Како нација не знаеме ниту да си ја сакаме, ниту да си ја сочуваме историјата. Најдобар пример е денешната посета на Свиланово место каде пред седум години се направи спомен обележје на првиор претседател на Крушевската Република Никола Карев.
Ако пред седум години ова место изгледаше импресионирачки, денес повеќе личи на сцени од хорор филмовите отколку на некакво спомен обележје.
Ова е уште еден показател дека не ги усмеруваме во вистински правец младите генерации, како да чекаме некој да почне да ни ја кажува историјата а ние доклку не ни се допаѓа кажаното да реагираме.
Со вакво однесување ја губиме и државата и нацијата.
Срамота е што ова место е напуштено.
Во Локалната самоуправа пред или после секои избори се вработуваат нови лица, дали сите се за да седнат набирото не е познато но ако ништо друго потребно е една еко-акција, да се исчисти местото и да се доведе во состојба каква што беше минатите години.
Вака само се срамиме.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ