Екипата по прва помош на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани освои пехар за 3-то место на 31. Државен натпревар на екипи по прва помош што денес се одржа во Гостивар.
Младите демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди.
На натпреварувањето учествуваа 10 екипи од различни градови, кои се покажаа како најдобри на регионално ниво.
Настанот го организираше Црвениот крст на Р. С. Македонија и техничка организација на Црвен крст Гостивар.
Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ