ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА ЕДНОДНЕВЕН ТРЕТМАН НА КОЧАНСКАТА ДЕПОНИЈА

септември 24, 2025
0 минути

Третманот на депонијата во Кочани што Министерството за животна средина го вршеше минатиот викенд, ќе ги чини граѓаните близу пет милиони денари.

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски упатува на скандалозна јавна набавка на Министерството за животна средина, посочувајќи податоци од договорот.

„Во Кочани порамнување на отпад чини 3 250 денари по кубик, а во Никуштак (Липково) само 250 денари – 13 пати поскапо за истата работа. Покривање со земја во Кочани е 3 000 денари по квадрат, во Никуштак (Липково) 300 денари. Десет пати поскапо за истата работа.“

„Додека Општината се грижеше за депонијата, пожари немаше. Министерството за животна средина склучило сомнителен договор, фирмата дојде, поработи пет дена, се случи пожар. Пожарот откри нешто многу поголемо од загадениот воздух, посочи кон вистината што повеќе не може да се игнорира – каде и да копнеш е гнило. На грбот на кочанчани се прават договори без логика, со единствена цел да се полнат нечии џебови“  истакнува в. д. градоначалникот.

Крстевски додава дека со разумно и одговорно работење, со тој висок износ може да се набави и нова механизација и да се обезбеди третман на депонијата за цела година.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ