Од трагедијата што му се случи на Кочани поминаа повеќе од шест месеци. Градот е во мошне лоша состојба, го нема она расположение на кое тон даваа младите. Згаснаа многу млади животи и треба години да поминат за да почне Кочани да функционира како пред тој трагичен 16 Март 2025 година.
Токму ваквата апатична состојба во Кочани го наметнува прашањето дали треба да се направат напори за да во Кочани дојдат млади сили кои колку-толку ќе му дадат некоја нова димензија.
Една од идеите е отворање на еден од факултетите, сличен на Правниот факултет што во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип беше отворен во Кочани.
Од тогаш поминаа седумнаесет години, но факултетот беше со мошне краток период но и покрај тоа се покажа дека раздвиженоста на младите тогаш во „градот на оризот“ беше на едно забележително ниво.
За потсетување, на 02.Октомври 2008 година во салата на денешниот „Мултикултурен Центар“ во Кочани на свечен начин беше отворен Правен факултет кој се до реновирањето на амфитеатарот во ПД „АСНОМ“ часовите се одржуваа онаму каде што и беше отворен.
Од тогаш рековме дека поминаа седумнаесет години, но она што се случуваше тогаш нема да се заборави. Токму затоа во денешно време и од оваа гледна точка и се наметнува прашањето „Дали во Кочани треба да се отвори факултет“?
На потег се надлежните институции во државата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ