ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД ОБЛЕШЕВО. ОТКРИЕНА БИСТА НА ПАТРОНОТ

декември 8, 2024
1 минути

ООУ Климент Охридски од Облешево со гордост и пиетет го носи името на големиот сесловенски и македонски просветител Св Климент Охридски.

Во негова чест во дворот на училиштето е поставена спомен-биста на ликот и делото на патронт.

На свечената академија во преполната спортска сала , свое поздравно обраќање имаше директорот на училиштето кој меѓу другото ја истакна посветеноста на наставниот кадар и учениците .

„Задоволство е да се биде дел од оваа образовна институција но во исто време е и обврска и имање визија за идни успешни чекори во управувањето и раководењето на училиштето. Името на св.Климент Охридски е длабоко врежано во генезата на секој македонец, а тоа што го имаме за наш патрон како училиште не прави горди и не задолжува да ја продолжиме неговата мисија“ истакна Јорданчо Костадинов – директор на училиштето.

Учениците пред многубројните гости и присутни со преубави точки за оваа намена се претставија и го покажаа својот талент за настап и глума.

Главната порака – „Го сакаме светот со своите различности ,но во исто време го негуваме и истакнуваме нашето македоското“ со успех беше испратена и прифатена од присутните и наградена со силен аплаус.

 

Љубовта ,хуманоста и моралните традиционални вредности нека бидат предизвик на новото време, а мирот во душата и доброто здравје да бидат меѓу нас до следното видување на денешен ден следната година.

 

ООУ „Св. Климент Охридски“ – Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ