Наш читател до порталот komarec.com.mk испрати две фотографии и текст за она што го доживеал утринава откако ги однел децата на училиште. Текстот ви го пренесуваме во целост.
„Кој треба да ни ги заштити децата кога одат на училиште. Она што денес се случи а како што дознав не е прв пат е дека децата не се безбедни кога одат на училиште. Причината се кучињата скитници. Поточно дворот на влезот од западната страна на училиштето Кирил и Методиј беше полн со кучиња скитници. Децата се плашеа да излезат од возилото бидејќи видоа дека се приближуваат до влезот на дворот и тоа замислете од внатрешната страна. Еден од служителите ја држеше затворена вратата и постојано ги тераше кучињата за да не направат некоја беља. Ми кажа дека ова е честа појава и дека тој има моменти кога се плаше и за себе ама и за дечињата. Еве го користам просторот на вашата страна и јавно прашувам, Кој треба да ги отстрани кучињата. Ако нема таков тогаш нека кажат да не рескираме и децата дома да си седат. Додека јас разговарав со служителот друг родител го донесе детето за на училиште и кога ги виде кучињата во самиот двор каде има клупи за да на одморите дечињата седат само ми рече, не дај Боже некое куче да направи беља, да нападне некое детенце и да го исплаши, тогаш не ме интересира ни општината што ќе рече, ниту полицијата ниту лажните љубители на животните кои само на социјалните мрежи солат памет ама ништо не преземаат, верувајте куче скитник нема да остане на улиците. Ако не сакаат тие институции да преземат нешто тогаш ние родителите има начин како да го решиме случајот. И така ги оставив децата на училиште и со страв се вратив дома. Еве ви две фотографии кои решив да ги направам за да целата јавност виде што се случува во школскиот двор на Кирил и Методиј“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ