ОД СЛОБОДА ЛИШЕНА 18 ГОДИШНА ДЕВОЈКА, ВОЗЕЛА ВО СПРОТИВНА НАСОКА НА КРУЖЕН ТЕК

јули 9, 2026
1 минути

Денеска (09.07.2026) во 03:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од виничко. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Р., при што било констатирано дека го управувала возилото во спротивна насока на кружен тек и без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ