Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот за реконструкција на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани.
Работите на улицата „Бел камен“ ќе се реализираат со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги добива од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина Кочани учествува во финансирањето со 700 илјади денари.
Градежните работи ќе ги изведува „Стентон градба“, а ќе се одвиваат на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м. Според проектот, ќе изработи комплетно нова улица на која ќе се изгради атмосферска канализација, ќе се постават два слоја асфалт, нови тротоарски површини, улични рабници и ќе се изврши замена на тампонот.
За улицата „Бел камен“ е изработен сообраќаен проект.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ