После тешката повреда на најдобриот играч на ЖФК „Кочани“ Афродита Салихи, девојчињата на „Кочани“ никако да се соземат. Во рамките на 8-то коло во Струмица го претрпеа и седмиот пораз во првенството и се заковаа за последното место на табелата.
Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски на натпреварот против екипата на „Брера Тиверија“ загубија, но сепак не разочараа иако беа додатно десеткувани за овој натпревар.
Домаќините со головите на Божинова 36’ Николовска 43’47’ Димчова 50’ и Пецева 75’ заслужено славеа со 5:1 (3:0). Единствениот гол за кочанчанки го постигна Богатинова до 61’.
Резултати од 8-то коло:
Скопје – Истатов 2:0
Брера Тиверија – Кочани 5:1
Топ Гол – Каменица Саса 0:1
Речица – Вардар 2:2
Љуботен – Ас Јунајтед
Во Среда се играат 1/8 финалните натпревар од Фудбалскиот Куп на Македонија за жени а Кочани гостува во Охрид.
Двојки за 18 финалните натпревари од Фудбалскиот Куп на Македонија за жени:
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ