ОСТАНУВА ИЛИ ЗАМИНУВА СТОЈЧЕ СТОЈОВ

Во Спорт
јануари 9, 2022
1 минути

Несомнено еден од најдобрите играчи на „Слога 1934“ Стојче Стојов е еден од најмногу бараните играчи во овој преоден рок. За услугите на Стојов интерес покажуваат повеќето клубови од вторите лиги но и еден клуб од првата фудбалска лига.

„Да има интерес на некои клубови, но јас најпрвин како што е редот ќе седнам со челниците на Слога 1934 да ги слушнам нивните планови па потоа да решам што и како понатака. Мене во Виница ми е добро, настапувам во континуитет што за млад играч како мене е голема добивка. Прифатен сум и од играчите и од публиката и сега како што стојат работите по се изгледа ќе го доиграм првенството во второлигашот од Виница, но нели никогаш не вели дека се е готово. Доколку дојде некоја попримамлива понуда би седнал со раководните луѓе на Слога 1934 и би се договорил што и како понатака“  беше изјавата на Стојов во телефонскиот разговор.

Токму овој разговор со Стојче Стојов остава место за размислување, останува или заминува од второлигашот од Виница.

Инаку Стојче Стојов потекнува од фудбалската школа на „Фудбал старс“, по кратката епизода во „Осогово“ се пресели во „Слога 1934“ каде ја игра својата трета сезона.

С. Ивановски